Отворете го срцето и земете го мобилниот телефон за да ѝ помогнете на Емануела Костоска која боледува од Dg: Sy Prader Willi, Sleep apnea.
За да се продолжи животот на Емануела, неопходно е да се набави апарат за дишење во текот на сонот (Trilogy 100), кој чини 10.000 евра. Овој апарат е единствена можност за подолго преживување на децата кои страдаат од оваа болест.
Семејството на Емануела им благодари на сите хумани лица кои ќе ја поддржат акцијата за собирање на потребните парични средства.
Телефонски броеви за донации
- Т-Mobile: 070/ 143 122 (100 денари + ДДВ)
- VIP: 077/ 143 314
- ONE: 075/ 143 750
Жиро сметка
Број на жиро сметка: 210-5016770854.29 (НЛБ Тутунска банка АД Скопје)
Назив на примачот: Емануела Костоска