Мало девојче со силна волја смогна сили и танцуваше на балетска претстава само осум месеци по трагичната несреќа во која за малку ќе ги изгубеше двете нозе.
7-годишната Обри Скалета изгледаше неодоливо додека настапуваше во претставата „Оревокршачот“, заедно со својата сестра Грејсон.
Во мај 2023 година, Обри се враќала со татко си од нејзиниот тренинг по гимнастика кога се случила ужасната несреќа. Таа била на задното седиште и си играла со појас за врзување на товар, кога истиот излетал низ прозорецот. Едниот дел се завил околу оската од камионетот, додека другиот дел бил обвиен околу нозете на Обри, која за малку ќе излетала од возилото.
„Се слушна силен тресок и целиот замион се затресе, а Обри извика: ‘Крварам’“ – рекол таткото. „Се свртев и ги видов нејзините повреди“ – дополнил тој.
Стапалата на Обри едвај се држеле за нејзините нозе кога пристигнале во најблиската болница. По увидената повреда, девојчето морало со хеликоптер да биде пренесено до поголема болница.
Двајца хирурзи и голем медицински тим ја извршиле комплексната операција на повторно поврзување на стапалата со нозете на Обри. „Ако почекавме само неколку часа, нејзините стапала ќе беа мртви и сигурно ќе моравме да ги ампутираме“ – изјавиле докторите.
Докторите ја вршеле операцијата под микроскоп. Тие морале да ги сошијат крвните садови со конци потенки од човечка коса, со помош на игла која била помала од бебешка трепка.
По првата и најтешка операција постоеле големи сомнежи дали ќе успеат да го спасат нејзиното десно стапало. Следувале уште пет операции и долги месеци физикална терапија за денес Обри да може да застане на нозе.
Родителите на Обри и Грејсон од публиката ја следеа претставата и не можеле да поверуваат дека нивното мало девојче блеска на сцената.