Перо Антиќ и Сања Ристиќ уживаат на Копаоник.
Поранешниот македонски кошаркар и успешната маркетинг менаџерка споделија фотографии на социјалните мрежи на кои зрачат со љубов и среќа.
Тие се заедно нешто повеќе од една година, а токму во јануари минатата година ја открија својата врска пред јавноста.
Антиќ претходно беше во брак со Ружица Максимовска со која има 3 сина. Ристиќ пак пред неколку години стави крај на бракот со ракометарот Дејан Пецаковски со кого има 2 сина.