Камерон Дијаз направи долга пауза во својата филмска кариера. Славната актерка по една деценија повторно се враќа на големото филмско платно.
52-годишната филмска ѕвезда присуствуваше на премиерата на својот нов филм „Back in Action“ и позираше со колегата Џејми Фокс.
На виолетовиот тепих, Дијаз се појави во модерен црн стајлинг со долго палто.
Покрај тоа што не прифаќаше филмски улоги, таа избегнуваше и да се појавува и на холивудски настани.
Нејзина последна премиера беше за филмот „Annie“ во 2014 година во Лондон, а последното појавување на јавен настан беше во 2019 година на откривањето на холивудската ѕвезда на колешката Луси Лу.
Дијаз има две деца со сопругот Бенџи Меден. Нивната ќеркичка Радикс се роди во јануари 2020 година, додека синчето Кардинал дојде на овој свет во март минатата година.