Почетна » Новости » Актуелно » Укинување на полицискиот час, на свадбите да нема лимит на гости: Нови препораки за олабавување на мерките

Укинување на полицискиот час, на свадбите да нема лимит на гости: Нови препораки за олабавување на мерките

Главниот координативен КОВИД-19 кризен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките, почнувајќи од 16 јуни.

Еве кои се предлозите кои се очекува да бидат усвоени на утрешната владина седница:

  • укинување на ограничувањето на движењето;
  • се дозволува организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица;
  • се отстранува лимитот од 100 присутни лица на свадбите.
Свадба

За препораките Владата ќе дискутира и одлучи на следната владина седница.

Вчера, за првпат од септември 2020 година, немаше регистрирано починато лице во статистиката за КОВИД-19 кај нас.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19812 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.