Близнаците на Џенифер Лопез и Марк Антони пораснаа.
55-годишната актерка и пејачка со слатко видео го одбележа 17-тиот роденден на своите деца и истото го објави на Instagram.
„Седумнаесет. Ве сакам засекогаш“ – напиша таа во описот. Видеото се состои од снимки со Макс и Еми од нивното детство, тинејџерските години и најновата роденденска прослава.


























Лопез беше во брак со Марк Антони од 2004 до 2014 година. Макс и Еми се родија во 2008 година.