Парис Хилтон го прослави својот 44-ти роденден со голема забава.
На „розовата“ прослава, русокосата Американка пристигна со своите две мали деца, синчето Феникс и ќеркичката Лондон, а потоа се веселеше со бројни славни пријатели и пријателки.
Хилтон изгледаше атрактивно со розово-виолетов стајлинг со високи чизми над колената.

Снуп Дог, Џесика Алба, Софија Вергара, Сидни Свини и Кара Делевин беа само дел од славните личности кои присуствуваа на забавата на Хилтон.




















Двете деца Парис ги доби со помош на сурогат-мајка.
