Роберта Флек замина во легендите. Познатата поп и R&B пејачка почина на
Нејзината кариера се протегаше низ повеќе од четири децении и зад себе остави големи хитови како „Killing Me Softly With His Song“ и „The First Time Ever I Saw Your Face”, кои ѝ донесоа значајни награди.
„Срцето ни е скршено што славната Роберта Флек почина утрово на 24 февруари 2025 година. Таа почина мирно опкружена со своето семејство. Роберта рушеше граници и рекорди“ – стои во соопштението.

Роберта Флек е американска пејачка и текстописец, позната по својот уникатен глас и стил. Најпозната е по хитот „Killing Me Softly With His Song“, кој го издаде во 1973 година и стана еден од најголемите музички хитови на 20-тиот век. Песната била напишана од Норман Гимбел и Лори Либерман, но Флек ја направи легендарна со својот емотивен и нежно интерпретиран настап.
Во својата успешна кариера, Флек која освои бројни награди, вклучувајќи и Греми. Таа е позната по својот стил што комбинира соул, поп и џез музика и оставила длабока трага во музичката индустрија.
