Откако го напуштија британското кралско семејство, принцот Хари и Меган Маркл станаа многу потаинствени во однос на нивниот личен живот. Но, снимањето на документарецот за Netflix го промени тоа.
Популарната двојка сподели со гледачите на „Harry & Meghan“ албум со приватни фотографии кои ги овековечуваат нивните семејни моменти со двете деца.
На сликите, Хари и Меган се прикажани со синот Арчи и ќерката Лилибет, а неретко се појавува и мајката на Меган, Дорија Регланд.
Документарецот наиде на многу критики од британската јавност кои значително се засилија по објавувањето на мемоарот на Хари, насловен „Spare“.