Почетна » Новости » Актуелно » „Пенкало наместо пушка“: Учителка им пркоси на талибанците и продолжува да ги школува девојчињата во Авганистан

„Пенкало наместо пушка“: Учителка им пркоси на талибанците и продолжува да ги школува девојчињата во Авганистан

Образованието им дава моќ на немоќните, а една учителка е решена да продолжи да ги школува девојчињата во Авганистан и покрај забраната наметната од талибанците.

По повлекувањето на американските војници од земјата, Анџела Гојур знаела каква судбина ги очекува женските деца, бидејќи во минатото и самата ја имала искусено. Инспиративната Авганистанка, која сега живее во Англија, брзо скокнала во акција за да создаде онлајн училиште во кое децата од Авганистан ќе продолжат да учат и покрај пречките кои стојат пред нив.

Училиштето „Online Herat“ им помага на 1.000 ученички да го продолжат образованието преку Skype или Telegram. Најголем дел од учителите се волонтери од Иран. Досега, 400 учители се дел од мисијата.

Анџела Гојур Анџела Гојур

Анџела имала само 8 години кога талибанците ја презеле контролата во Авганистан во 1992 година и им забранија на девојчињата да одат на училиште. Во борба за подобар живот, нејзиното семејство се преселило во Иран, но таа морала да чека уште пет години за нејзините родители да добијат виза за да може да посетува училиште.

Започнувањето на образовниот процес бил специјален момент за неа, но таа не планирала да го чува знаењето само за себе, знаејќи во каква ситуација се нејзините врсници. Секој ден по часовите, Анџела собирала група од 14 девојчиња кои не можеле да одат на училиште и им ги раскажувала лекциите кои ги научила тој ден.

Анџела несебично им давала знаење на авганистанските деца кога никој друг не можел.

Анџела Гојур

Откако талибанците биле симнати од власт во земјата, грижливата девојка се вратила во татковината и станала учителка.

Сега, речиси 20 години подоцна, талибанците повторно ја презедоа контролата во државата и забранија девојчињата над 7 години да се образоваат. Анџела во моментов живее во Англија, но не престанува да им помага на девојчињата од родната земја.

Анџела Гојур Анџела Гојур Анџела Гојур

„Чувствувам дека училиштето е резултат на целата моја болка, мојата агонија и моите искуства. Нашето мото е, пенкало наместо пушка“ – рекла Анџела.

Анџела Гојур Анџела Гојур

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19781 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.