Почетна » Новости » Животни стории » Трогателно: Очаен татко му ја продаде 9-годишната ќерка за брак на 55-годишен маж во Авганистан

Трогателно: Очаен татко му ја продаде 9-годишната ќерка за брак на 55-годишен маж во Авганистан

Сторија за сиромашно семејство од Авганистан ја прикажува суровата реалност на тамошните жители, кои се принудени на очајни мерки за да се прехранат. CNN прикажа само еден од многуте случаи во кои мали девојчиња се продадени за брак.

Видеото ни ја доловува тажната судбина на Парвана Малик, која беше продадена од родителите на 55-годишен маж за брак. Невозможно е да останете рамнодушни кога ќе видите како расплаканото девојче се обидува да се оттргне од рацете на драстично повозрасниот маж кога тој ја зема од домот.

Авганистан

„Татко ми ме продаде затоа што немаме леб, ориз и брашно. Тој ме продаде на стар маж“ – вели со тага во очите Парвана.

Авганистан

Вознемирувачкиот прилог го вклучува моментот кога 55-годишниот Корбан доаѓа кај таткото Абдул за да му плати и да ја земе малата Парвана. Абдул му вели „Ова е твојата невеста. Те молам грижи се за неа.. те молам не ја тепај“.

Корбан, кој платил нешто над 2.000 долари во овци, земјиште и кеш, изјавил дека веќе има сопруга. „Парвана беше евтина, татко ѝ е сиромашен и му требаат пари. Таа ќе работи во мојот дом. Нема да ја тепам. Ќе се однесувам кон неа како кон член на семејството. Ќе бидам добар“ – рекол тој.

Видео

Таткото на Парвана долго време се обидувал да најде работа, но не успеал. Иако вели дека чувствува срам и вина, тој смета дека продажбата на ќерките е единствениот начин да обезбеди храна. „Немам работа, ниту пари, ниту храна. Морам да ја продадам мојата ќерка. Немам друг избор. Ние сме осумчлено семејство. Морам да продавам да ги одржам живи другите членови на семејството“ – вели Абдул, кој пред неколку месеци ја продал и 12-годишната сестра на Парвана.

Авганистан

За жал, ова е само еден од многуте вакви случаи. Продажбата на мали девојчиња за брак е многу честа пракса во руралните области на Авганистан. Откако Талибанците ја презедоа власта, ситуацијата е значително влошена и сè повеќе родители се решаваат на ваков чекор.

„Ден по ден, бројот на семејства кои ги продаваат нивните деца се зголемува“ – изјавил Мохамад Назим, активист за човекови права.

Стапувањето во брак со непознат сопруг не е најлошиот дел од животот на овие девојчиња. Откако ќе застанат пред олтар, најчесто тие го губат правото на образование и се физички малтретирани од своите сопрузи, а и се принудени да родат дете уште додека се во пубертет. Најголем дел од овие девојчиња не се осмелуваат да им се спротивстават на сопрузите и остануваат во ваков брак цел живот. Оние кои ќе се осмелат да избегаат, често завршуваат во бордели како проститутки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.