Министерството за здравство соопшти дека се зголемува бројот на заболени од коронавирус во нашата држава. Во изминатите 24 часа, регистрирани се 30 нови случаи на КОВИД-19 со што вкупниот број на дијагностицирани изнесува 1.792.
Новозаболените се од Скопје (11), Куманово (2), Штип (1), Прилеп (3), Тетово (6), Велес (5), Битола (1) и Охрид (1).
Во изминатото деноноќие, направени се 426 тестови, а потврдени се и 26 оздравени. По градови оздравените се од Куманово (14), Скопје (1), Прилеп (4), Тетово (3) и Велес (4).
За жал, има и 3 лица кои ја изгубија битката со болеста.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 пациенти, пациент од Велес (58г) примен на 12 мај, пациент од Тетово (57г) лекуван на клиниката од 22 април и уште еден пациент од Тетово (78г) хоспитализиран на 11 мај.
Вкупната бројка на оздравени пациенти е 1293, на починати е 101, а во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 398.
Утрово беше објавено дека 91% од здравствените работници кои беа заболени од КОВИД-19 се сега целосно оздравени.