Бројот на заболени од новиот коронавирус во нашата држава достигна 599. Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие се регистрирани 29 лица позитивни на КОВИД-19.
Најмногу заразени има во Скопје (15), а потоа следуваат Куманово (7), Прилеп (1), Струга (3) и Кочани (3).
На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти заболени од коронавирус: пациент од Куманово (52г), пациентка од Лабуништа-Струга (65г), пациентка од Челопек – Тетово (62г) и една пациентка од Штип (81г). Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години.
Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:
- Скопје – 254
- Куманово – 128
- Дебар – 49
- Штип-20
- Прилеп – 34
- Тетово – 29
- Струга – 28
- Велес – 10
- Битола – 6
- Охрид – 3
- Кавадарци – 2
- Гостивар – 4
- Гевглелија – 4
- Струмица – 2
- Крива Паланка – 3
- Радовиш – 4
- Крушево – 2
- Кочани – 17
Во изминатото деноноќие направени се 386 теста.