Почетна » Новости » Актуелно » Нова состојба: 69 оздравени, 29 новозаразени и 4 починати од коронавирус во Македонија

Нова состојба: 69 оздравени, 29 новозаразени и 4 починати од коронавирус во Македонија

Бројот на оздравени лица од КОВИД-19 продолжува да расте. Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти.

По градови, здравените лица се од Скопје (18), Куманово (36), Дебар (1), Штип (1), Велес (10) и Гевгелија (1).

Коронавирус

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања и потврдени се 29 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје (11), Куманово (4), Прилеп (3), Тетово (2), Велес(6) и Кочани (3).

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55 години лекувана на клиниката од 24 април и 87-годишен пациент лекуван на клиниката од 27 април, и двајцата со тешка форма на болеста и респираторна слабост. Институтот регистрира уште едно починато лице во Прилеп, жена на возраст од 69 години, позитивна на вирусот, починала дома. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од с. Зрновци (Кочани) на 62 годишна возраст, на болничко лекување од 21 април.

Коронавирус

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1494, бројката на оздравени пациенти е 807, на починати 81, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19735 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.