Повторно има зголемување во бројот на новозаразени со коронавирус. Во изминатите 24 часа, направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје (7), Куманово (4), Прилеп (4), Тетово (12), Велес (6), Гостивар (1), Пехчево (1) и Берово (1). Досега во земјата се направени вкупно 18.821 тестирања на КОВИД-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти.
Во Скопје (6), Куманово (2), Прилеп (1), Тетово (1), Македонски Брод (1), Пехчево (1) и Виница (1).На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58-годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај.
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.622, бројката на оздравени пациенти е 1.112, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419.