Министерството за здравство ги објави резултатите од тестирањата во изминатите 24 часа. На територијата на нашата држава се регистрирани 25 нови случаи на КОВИД-19.
Новозаразените лица се од Скопје (16), Тетово (4), Струга (1), Велес (2) и Охрид (2).
Бројот на оздравени исто така порасна за 8 од кои 7 лица се од Скопје и едно од Прилеп.
Тажна вест е што починаа уште 3 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Куманово (60г), хоспитализирана на клиниката од 27 април. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (59г), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51г) хоспитализиран на 4 мај.
Во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања.
Согласно денешниот извештај на ИЈЗ, во рамките на скринигот на вработените во градинките кој започна пред три дена, досега е направенo 581 тестирањe. Потврден е само еден позитивен на КОВИД-19 во Битола, каде се завршени тестирањата на сите 322 вработени во градинките.
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.817, бројката на оздравени пациенти е 1.301, на починати е 104, а во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 412.