Забрзано расте бројот на новозаразени од коронавирус. Министерството за здравство објави дека во нашата држава има 127 нови случаи на КОВИД-19.
Според местото на живеење, заболените лица се од:
- Скопје - 67
- Kуманово - 1
- Дебар - 1
- Штип - 33
- Тетово - 10
- Струга - 5
- Охрид - 6
- Пробиштип - 2
- Кочани - 2
Во изминатото деноноќие, направени биле 702 теста. Со дел од нив биле потврдени и 7 оздравени лица од Скопје (4), Тетово (2) и Гостивар (1).
Двајца пациенти од Скопје и еден од Куманово ја изгубија битката со болеста. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.
По општини, активните случаи во Скопје, заклучно со вчерашните, се од:
- Чаир - 168
- Центар - 64
- Бутел - 63
- Гази Баба - 58
- Аеродром - 57
- Сарај - 55
- Карпош - 45
- Кисела Вода - 35
- Арачиново - 23
- Студеничани - 19
- Илинден - 18
- Ѓорче Петров - 18
- Шуто Оризари - 17
- Петровец - 6
- Чучер Сандево - 3
- Сопиште - 2
- странци - 2
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 71 пациент. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, а вкупно хоспитализирани 42 пациенти. На респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 39 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Досега во земјата се направени вкупно 37.027 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, нема позитивни.
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.152, бројката на оздравени пациенти е 1.653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.343.
Комисијата за заразни болести препорача локализиран полициски час од 22 часот навечер до пет часот наутро за градовите Скопје, Куманово, Тетово и Штип.
Во 15 часот денеска, Владата ќе одржи седница на која ќе биде разгледан предлогот.