Почетна » Новости » Актуелно » Најнови податоци: 136 новозаразени, 43 оздравени и 8 починати од коронавирус во Македонија

Најнови податоци: 136 новозаразени, 43 оздравени и 8 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство извести дека во изминатите 24 часа направени се 1.208 тестирања, а регистрирани се 136 новозаболени.

Според местото на живеење, новозаразените со коронавирусот се од:

  • Скопје - 80
  • Куманово - 6
  • Штип - 1
  • Прилеп - 3
  • Тетово - 24
  • Струга - 1
  • Велес - 3
  • Охрид - 5
  • Гостивар - 4
  • Струмица - 1
  • Крива Паланка - 1
  • Кочани - 1
  • Кичево - 1
  • Неготино - 1
  • Ресен - 4
Податоци

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти од: Скопје (26), Штип (1), Прилеп (1), Тетово (6), Велес (4), Гостивар (2), Кочани (1), Пробиштип (1), Кратово (1).

Починати се 8 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, двајца пациенти од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево.

Во текот на вчерашниот ден, веднаш по приемот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 57-годишен пациент од Велес.

Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје: пациент (56г) примен на 11 јуни и пациентка (68г) примена на 13 јуни. Починаа две лица од Куманово, пациентка (47г) примена на 12 јуни и пациентка (59г) примена на 14 јуни. Починаа две лица од Тетово, пациент (78г) примен вчера и пациентка од (47г), хоспитализирана на 22 јуни.

Во ОБ Битола почина пациент од Кичево (61г) хоспитализиран на 21 јуни.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.445, бројката на оздравени пациенти е 2.091, на починати е 259, а во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.095.

Податоци

Направените 1.208 теста се преку: ИЈЗ – 506, ЦЈЗ Скопје – 0, Авицена – 102, Биотек – 108, МАНУ – 110, Жан Митрев (Филип Втори) – 205, Судска медицина – 6 и Систина со PCR метода – 171. Досега во земјата се направени вкупно 54.456 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 36 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле 1 дете и 11 возрасни позитивни на КОВИД-19.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 17 нови, 4 пациенти се трансферирани во болницата во Козле. До утрово, вкупно хоспитализирани се 124 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

  • Чаир – 413
  • Аеродром – 135
  • Бутел – 136
  • Гази Баба – 149
  • Центар – 127
  • Карпош – 124
  • Сарај – 141
  • Кисела Вода – 101
  • Ѓорче Петров – 83
  • Студеничани – 89
  • Шуто Оризари – 72
  • Арачиново – 49
  • Илинден – 33
  • Петровец – 16
  • Чучер Сандево – 16
  • Сопиште – 12
  • Зелениково-2
  • Странец – 3
  • Нераспределен-3

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19737 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.