Петти ден по ред бројката на новозаболени од коронавирус е троцифрена. Министерството за здравство соопшти дека имаме 111 нови случаи на КОВИД-19. Направени биле 854 тестирања.
Лицата позитивни на КОВИД-19 по градови се од:
- Скопје - 63
- Kуманово - 11
- Штип - 12
- Тетово - 8
- Велес - 3
- Охрид - 1
- Гостивар - 3
- Кочани - 9
- Крива Паланка - 1
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти и тоа од Прилеп (1), Тетово (4) и Битола (1).
Досега во земјата се направени вкупно 36.325 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 103 теста се во рамките на скринингот во градинки преку ЦЈЗ Штип и Кочани, од кои 9 тестови на вработени во градинки во Кочани се позитивни.
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.025, бројката на оздравени пациенти е 1.646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.226.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, а вкупно хоспитализирани 41 пациент. На респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 30 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчерашните случаи:
- Чаир - 152
- Бутел - 59
- Гази Баба - 58
- Аеродром - 53
- Сарај - 52
- Центар - 52
- Карпош - 40
- Кисела Вода - 29
- Арачиново - 23
- Студеничани - 18
- Ѓорче Петров - 17
- Илинден - 17
- Шуто Оризари - 12
- Петровец - 6
- Чучер Сандево - 3
- Сопиште - 2
- (се утврдува општина) - 1