Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие е направен 841 тест, а регистрирани се 103 нови случаи на КОВИД-19.
- Скопје 46
- Куманово 6
- Штип 6
- Прилеп 2
- Тетово 17
- Струга 9
- Велес 3
- Битола 1
- Охрид 3
- Кавадарци 1
- Гостивар 1
- Свети Николе 1
- Ресен 6
Починаа пет лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80г), хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје (74г). Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка (73г.) примена на 11 јуни и пациентка (45г) примена на 2 јуни. Во Клиничката болница во Тетово почина пациент од Тетово (65г) хоспитализиран на 6 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти и тоа од Скопје (10), Прилеп (2) и Тетово (1).
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа нема нови приеми, вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 37 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, а вкупно хоспитализирани 113 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика е уште 21 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 18 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 66 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Досега во земјата се направени вкупно 43.881 тестирање на КОВИД-19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие, 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, каде се потврдени 4 позитивни случаи, два во Штип и два во Охрид.
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.157, бројката на оздравени пациенти е 1.723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.241.