Непрекинато расте бројот на заболени од КОВИД-19 во нашата држава. Според извештајот на Министерството за здравство, во изминатите 24 часа направени се 776 тестирања, а регистрирани е 101 новозаболен.
По градови, новозаразените со коронавирусот се од:
- Скопје - 57
- Куманово - 13
- Дебар - 1
- Штип - 3
- Тетово - 19
- Струга - 1
- Велес - 1
- Битола - 2
- Охрид - 1
- Гостивар - 1
- Ресен - 2
Починати се 5 лица, еден од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Струга и еден од Гостивар. Во ГОБ „8 септември“ починаа пациентка од Скопје на 77-годишна возраст, примена на 2 јуни и пациент од Гостивар на 45 години, хоспитализиран на 14 јуни. Во ОБ Струга почина пациент на 80 години, хоспитализиран на 15 јуни. Во ОБ Куманово почина пациент на 51 година, примен на 14 јуни. На 19 јуни почината е пациентка од Куманово на возраст од 40 години, потврдена позитивна на 20 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти и тоа од Скопје (11), Тетово (10) и Велес (1).
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациент. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 133 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 18 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Досега во земјата се направени вкупно 51.160 тестирања.
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.106, бројката на оздравени пациенти е 1.926, на починати е 238, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.942.