Повторно има значително зголемување на бројот на заболени од КОВИД-19. Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие, во нашата држава има 62 нови позитивни лица.
Според местото на живеење, новозаразените од коронавирус се од:
- Скопје - 24
- Тетово - 12
- Куманово - 2
- Штип - 14
- Гостивар - 3
- Струга - 4
- Велес - 1
- Кочани - 1
- Валандово - 1
Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје (5), Куманово (1), Тетово (9), Битола (1), Гостивар (1).
Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (60г.) примен во болницата на 22 мај. Евидентиран е пациент од Гостивар (64г.) примен и починат во болницата во Гостивар на 29 мај, за кој тестот покажа позитивен резултат.
Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.226, бројката на оздравени пациенти е 1.552, на починати е 133, а во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 541.
Од вкупно 771 тестови направени во изминатото деноноќие, 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот. Досега во рамките на скринингот се направени 3.723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 5 пациенти, хоспитализирани се вкупно 44 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти, 1 пациент е на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 35 пациенти. На респираторна машина се 6, a со потешка клиничка слика се уште 10 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следи уште 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 28 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.