Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 29 излекувани пациенти. Од нив, 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје – 21, Битола – 3 и Струмица – 1.
Во изминатите 24 часа, потврден е 41 нов случај на КОВИД-19. По градови: Скопје (17), Куманово (11), Прилеп (5), Тетово (3), Кавадарци (1), Гостивар (1), Крива Паланка (1), Кичево (1) и Неготино (1). Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1.300, а последната дистрибуција по градови е:
- Скопје – 439
- Куманово – 353
- Дебар – 51
- Штип – 34
- Прилеп – 131
- Тетово – 65
- Струга – 55
- Велес – 62
- Битола – 17
- Охрид –15
- Кавадарци – 5
- Гостивар – 14
- Гевгелија – 4
- Струмица – 2
- Крива Паланка – 5
- Радовиш – 4
- Крушево – 3
- Кочани – 28
- Пробиштип – 2
- Кичево – 3
- Неготино – 3
- Демир Хисар – 1
- Македонски Брод – 2
- Пехчево – 1
- Валандово – 1
Во изминатото деноноќие, направени се 649 теста. Преку ИЈЗ – 437, преку Ветеринарен ф-тет – 23, Авицена – 20, Биотек – 49, Филип Втори (Жан Митрев) – 90 и Систина со PCR метода – 30. Досега, во земјата се направени вкупно 13.649 тестирања на КОВИД-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се лекуваат 63 пациенти. Од нив, 23 на кислородна поддршка и 5 на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализиран е 31 пациент. Со потешка клиничка слика се 7 пациенти и 7 се приклучени на респираторна машина. Во болницата во Битола се лекуваат 11 пациенти, а уште 11 се следат на домашно лекување. Во моментов во Штип се хоспитализирани 3 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 13.