Во изминатите 24 часа направени се 462 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на КОВИД-19. Позитивните лица се од Скопје (9), Куманово (1), Прилеп (4), Тетово (6), Велес (1) и Охрид (1).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти и тоа во Скопје (8), Прилеп (2), Струга (2), Велес (2), Гостивар (1) и Кратово (1). Досега во земјата се направени вкупно 21.010 тестирања на КОВИД-19.
Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (79г), хоспитализирана како сомнителна на КОВИД-19 на 13 мај, а потврдена позитивна на 15 мај.
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.762, бројката на оздравени пациенти е 1.267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.