Повторно троцифрен раст на бројот на заболени од КОВИД-19 во нашата држава. Министерството за здравство извести дека во изминатите 24 часа направени се 1.363 тестирања, а регистрирани се 118 новозаболени.
Според местото на живеење, новозаразените со коронавирусот се од:
- Скопје - 55
- Куманово - 9
- Дебар - 1
- Штип - 1
- Прилеп - 4
- Тетово - 20
- Струга - 2
- Велес - 2
- Битола - 1
- Охрид - 9
- Гостивар - 4
- Струмица - 2
- Гевгелија - 1
- Кичево - 1
- Свети Николе - 1
- Ресен - 5
Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица од Скопје: пациент (58г) примен на 9 јуни, пациент (73г) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73г) примена во боницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72г) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од:
- Скопје 37
- Штип 3
- Прилеп 5
- Тетово 24
- Велес 1
- Гостивар 4
Досега во земјата се направени вкупно 53.248 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.311, бројката на оздравени пациенти е 2.048, на починати е 251 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.012.