Почетна » Новости » Актуелно » Најнова состојба: 111 оздравени, 23 новозаразени и 4 починати од коронавирус

Најнова состојба: 111 оздравени, 23 новозаразени и 4 починати од коронавирус

Во нашата држава се регистрирани 23 нови лица позитивни на КОВИД-19 со што вкупниот број на заразени со коронавирус се искачи на 1.465.

Новите случаи се од Скопје (5), Куманово (5), Прилеп (3), Тетово (6), Велес (2) и Неготино (2). Двете лица заведени во ПЕ Неготино, се жители на Демир Капија.

Позитивно е што нагло се зголемува и бројот на оздравени лица. Во изминативе 24 часа, има 111 лица со негативни контролни тестови, а со тоа, оздравени се вкупно 738.

Најмногу од оздравените се од Куманово (74), па следуваат Прилеп (18), Скопје (13), Штип (1), Битола (1), Охрид (1), Крива Паланка (1), Пробиштип (1) и Демир Хисар (1).

коронавирус

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Гостивар на 59 години.

Во денешниот извештај на Институтот се евидентирани и две починати лица од околината на Куманово, на возраст од 72 и 79 години, пациентка која се лекувала во домашни услови и пациентка која се лекувала на инфективното одделение во болницата во Куманово.

Последната дистрибуција по градови е следна:

  • Скопје – 498
  • Куманово – 389
  • Дебар – 51
  • Штип – 34
  • Прилеп – 150
  • Тетово – 82
  • Струга – 66
  • Велес – 71
  • Битола – 19
  • Охрид – 15
  • Кавадарци – 5
  • Гостивар –17
  • Гевгелија – 4
  • Струмица – 2
  • Крива Паланка – 5
  • Радовиш – 4
  • Крушево – 3
  • Кочани – 28
  • Пробиштип – 2
  • Кичево – 2
  • Неготино – 9
  • Демир Хисар – 1
  • Македонски Брод – 2
  • Пехчево – 2
  • Делчево – 1
  • Валандово – 1
  • Виница – 2

Направените 386 теста се преку: ИЈЗ – 287, Ветеринарен ф-тет – 11 , Авицена – 14, Биотек – 20, Филип Втори (Жан Митрев) – 23, Систина со PCR метода – 21 и МАНУ – 10. Досега во земјата се направени вкупно 16.436 тестирања на КОВИД-19.

коронавирус

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 2 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 49. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 5 се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 46 позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19735 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.