Во изминатите години, одекнуваа гласини дека Меланија Трамп воопшто не го сакала животот во Белата куќа и дека едвај чекала да се врати во Њујорк. Независно дали тоа беше вистина или неа, факт е дека поранешното „прво семејство на САД“ веќе не е во Вашингтон и се врати во стариот дом во Големото јаболко.
51-годишната сопруга на Доналд Трамп беше фотографирана со нивниот 15-годишен син Барон, а неговата висина беше вирално дискутирана.
Меланија и ден претходно беше видена како го напушта облакодерот Trump Tower во светла комбинација со сако Барбери, чанта Ермес и балетанки Лобутин.