Меган Маркл учествуваше во дискусија на настан во Индијанаполис посветен на охрабрување и поддршка на жените.
41-годишната Војвотка на Сасекс даваше интервју на подиумот облечена во елегантен зелен фустан, кој го надополни со розови салонки.
Креацијата доаѓа од ателјето на модната куќа Армани, а обувките се дело на Маноло Бланик.
Претходно, беше објавен скриншот од видео на кое Меган го држи во скутот пораснатото синче Арчи. Со нив е и нејзината мајка Дорија.