Каролина Гочева, Влатко Стефановски, Никола Перевски од Нокаут, Тамара Тодевска и Ружица Милошеска Брчиоска од Ареа преку видео порака порачуваат да носиме маски.
Македонските музички ѕвезди апелираат дека носењето заштитна маска значи отворање на концертни сали, дружење со фановите, но и лична грижа, и одговорност за здравјето на другите.
„Секој еден од нас има одговорност за грижа за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на своите најблиски. Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичко растојание, како и честото миење на рацете, во моментов се единствените мерки кои може да го спречат ширењето на коронавирусот“ – пишуваат на официјалниот Facebook профил на Владата за коронавирусот.