Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Тамара Тодевска пееше за Скопје на 60-годишнината од земјотресот, позираше и со Каролина Гочева

Тамара Тодевска пееше за Скопје на 60-годишнината од земјотресот, позираше и со Каролина Гочева

Синоќа, во Музејот на град Скопје се одржа настан за одбележување на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во главниот град.

Настанот го водеше Игор Џамбазов, се обрати градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а за музичкиот дел беа задолжени Тамара Тодевска и диџеите Соња Исмаил и Андреј Мицајков.

Тодевска се појави на сцената во црно-бел фустан, а подоцна позираше и со својата пријателка Каролина Гочева.

Тамара Тодевска Тамара Тодевска

Во придружба на Здружението на џез музичари и слободни уметници. Тамара испеа дел од најубавите македонски песни: „За нас почнува живот“, „Зборувај за Скопје“ и „Роден крај“.

Каролина го придружуваше сопругот Михаил Корубин, кој имаше изложено свое уметничко дело.

Тамара Тодевска Тамара Тодевска Тамара Тодевска Тамара Тодевска Тамара Тодевска

Видеа:

На настанот организиран од музичката платформа „Терапија“, посетителите имаа уникатна можност да видат како се известувало за постземјотресно Скопје; извадоци од весници прикажани на дигитален начин. Исто така, преку изложбата „Скопје – градот Феникс“ на Зоја Богдановска, присутните се потсетија на солидарноста и помошта која другите земји ја дале за обновата на главниот град.

Сепак, Скопје и Македонија имаат и уметници на модерното време чии дела го збогатија вчерашниот настан. Сликата „Вечност“ на еден од најреноминираните уметници Михаил Корубин уште на самиот влез од Музејот го привлекуваше вниманието кај сите. Делото на Велимир Жерновски на еден суптилен начин ги освојуваше присутните, а „Сина резонанца“ на Антони Мазневски даде посебен шмек во надворешниот дел од Музејот.

Тоа што предизвика особено воодушевување беа и визуелните проекции (т.н. „мапинг“) на надворешниот и внатрешниот дел од Музејот. На овој начин, објектот добива зголемена впечатливост, се раскажува приказна на еден покреативен начин, кој е особено прифатен меѓу новите генерации.

Настан во Музеј на град Скопје за 60 години од земјотресот Настан во Музеј на град Скопје за 60 години од земјотресот Настан во Музеј на град Скопје за 60 години од земјотресот Настан во Музеј на град Скопје за 60 години од земјотресот Настан во Музеј на град Скопје за 60 години од земјотресот Настан во Музеј на град Скопје за 60 години од земјотресот Настан во Музеј на град Скопје за 60 години од земјотресот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.