Министерството за здравство објави алармантни податоци за ситуацијата со коронавирусот кај нас. Во изминатите 24 часа, се направени 974 тестирања, а регистриран е 101 нов случај на КОВИД-19. Новозаразените од коронавирусот според местото на живеење се од:
- Скопје – 59
- Куманово – 12
- Штип – 7
- Прилеп – 1
- Тетово – 5
- Струга – 6
- Велес – 1
- Охрид – 1
- Кавадарци – 1
- Гостивар – 3
- Кочани – 3
- Пробиштип – 2

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 84-годишен пациент од Прилеп, хоспитализиран на 17 мај. Во ГОБ „8 септември“ починаа пациент од Тетово (75г) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71г) примен на 26 мај и пациент од Скопје (58г) примен на 30 мај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти и тоа од Тетово (8) и Велес (2).
Досега во земјата се направени вкупно 3.161 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје. Потврдени се 2 позитивни случаи во градинки во Штип.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.492, бројката на оздравени пациенти е 1.605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.