Почетна » Новости » Актуелно » „Гледаат одвратни риалити програми, насилни игри“: Весна Петрушевска со искрена порака по белградскиот масакр

„Гледаат одвратни риалити програми, насилни игри“: Весна Петрушевска со искрена порака по белградскиот масакр

Весна Петрушевска е дел од познатите лица кои се огласија по ужасниот масакр во белградското основно училиште.

Македонската актерка, која не крие дека нејзината ќерка била жртва на врсничко насилство, пред два дена објави искрена порака на својот профил на Facebook.

трагедија во Белград

Прочитајте ја нејзината порака во целост:

Денес е тажен ден за сите... Децата знаат да булираат, оние кои што се булирани не зборуваат за тоа!

Се сеќавам како мојата ќерка беше булирана после траумата за која не беше виновна. Деца на нејзина возраст. Ја отпишав од тоа училиште оти родителите на булерите имале против што учат со неа.

Мразам оружје, никогаш ни на сцена не сум го користела како реквизит. Со Коста детето што уби 9 човечки животи е една погубна поука да почнете да разговарате со своите деца, да ги слушнете, да клекнете на коленици и да ви шепнат што ги мачи.

Во мојот живот се изнагледав насилни деца и жртви на насилниците. Одете до трети спрат психијатрија на клиника! Одете видете не е тоа далеку од вас! Родителите сакаат се најдобро за своите деца во тоа не се сомневам, ама не ги гледате, не сте сведоци на нивните паѓања и трауми. Што мислите колкав гнев имал Коста? Веројатно немерлив. Цело време зборувам за ментално здравје вие сте застанати кај анксиозност. Соочете се со опасноста на врсничкито насилство. Не оди вашата флоскула ‘моете дете никогаш’. Кога веќе сте на 5 метри од вашето дете, тоа е друг лик. Многу е страшно и проклето жално за загубата на сите жртви. Ова го има и кај нас. Образовниот систем ни е ерозија, гледаат одвратни риалити програми, насилни гејмерски игри, социјални мрежи кои сосема погрешно се користат. Во каков свет ни растат децата. Сочуство, тажен ден за сите нас.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19749 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.