Почетна » Новости » Актуелно » Втор смртен случај од коронавирус во земјата: Почина 63-годишен пациент од Дебар

Втор смртен случај од коронавирус во земјата: Почина 63-годишен пациент од Дебар

КОВИД-19 ја зеде и втората жртва во нашата земја. 63-годишен пациент од Дебар почина синоќа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Тој бил хоспитализиран на Клиниката на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил континуирано на третман со кислород. Неговата состојба нагло се влошила и тој бил ставен на респираторна машина. За жал, за кратко време починал.

коронавирус

Вчера беше потврден првиот случај на смрт од коронавирус. Стануваше збор за 57-годишна жена од Куманово, која беше дијагностицирана посмртно.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 22 нови случаи на КОВИД-19.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20933 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.