Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 5.780 тестирања, а има 588 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 230
- Тетово – 101
- Гостивар – 82
- Кичево – 48
- Дебар – 17
- Охрид и Струмица – по 16
- Куманово – 15
- Струга –11
- Битола – 8
- Кавадарци и Свети Николе – по 6
- Радовиш и Берово – по 5
- Велес и Валандово – по 4
- Штип и Виница - по 3
- Ресен и Македонски Брод - по 2
- Прилеп, Кочани, Демир Капија и Пехчево – по 1
Пријавени се 8 починати лица: по 2 лица од Тетово (66г и 72г) и Гостивар (67г и 72г), по едно лице од Скопје (65г), Прилеп (51г), Кичево (74г) и Велес (65г).
Регистрирани сe 26 оздравени пациенти од:
- Скопје – 8
- Тетово – 6
- Гостивар – 4
- Куманово, Битола и Берово – по 2
- Кичево и Валандово – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.269 бројката на оздравени пациенти е 150.613, на починати е 5.521, а бројот на активни случаи изнесува 3.135.