Благо опаѓање на бројот на новозаразени од коронавирус во нашата држава. Министерството за здравство соопшти дека во изминативе 24 часа биле регистрирани 87 нови случаи на КОВИД-19.
Според местото на живеење, заболените лица се од:
- Скопје - 41
- Kуманово - 12
- Штип - 16
- Тетово - 10
- Струга - 1
- Охрид - 2
- Гостивар - 1
- Пробиштип - 4
На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти и тоа од Скопје (1), Прилеп (2) и Тетово (2).
Досега во земјата се направени вкупно 38.014 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 80 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 нови, а вкупно хоспитализирани 73 пациент. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 49 пациенти. На респираторна машина се 9, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 37 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.424.
По општини активните случаи во Скопје, заклучно со вчера, се од:
- Чаир - 192
- Бутел - 68
- Центар - 66
- Гази Баба - 63
- Аеродром - 61
- Карпош - 57
- Сарај - 55
- Кисела Вода - 37
- Ѓорче Петров - 23
- Арачиново - 23
- Шуто Оризари - 21
- Студеничани - 20
- Илинден - 18
- Петровец - 6
- Чучер Сандево - 3
- Сопиште - 2
- Странци - 2