Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.239 тестирања, а има 9 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје и Кичево – по 3
- Битола, Штип и Дебар – по 1.
Регистрирани се 3 починати лица: две починати лица од Скопје (86г) и (70г) и едно починато лице од Тетово (65г).
Регистрирани се 13 оздравени пациенти од:
- Куманово – 4
- Скопје – 3
- Виница – 2
- Прилеп, Тетово, Штип и Кичево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 867.233 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.663, бројката на оздравени пациенти е 149.946, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 233.