Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.743 тестирања, а има 9 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Тетово – 6
- Гостивар – 2
- Охрид – 1.
Не се регистрирани починати пациенти.
Регистрирани се 10 оздравени пациенти од:
- Скопје – 5
- Струмица – 3
- Крива Паланка и Кичево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 897.647 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.741, бројката на оздравени пациенти е 150.114, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 141.