Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 5.315 тестирања, а има 81 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 27
- Тетово – 25
- Куманово – 9
- Гостивар – 7
- Кавадарци, Кичево, Дебар и Пехчево по 2
- Битола, Струмица, Струга, Берово и Валандово по 1
Нема починати, а регистрирани сe 12 оздравени пациенти од:
- Тетово – 5
- Скопје – 3
- Куманово – 2
- Гостивар и Прилеп по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.380 бројката на оздравени пациенти е 150.362, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 525.