Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 5.759 тестирања, а има 72 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 20
- Куманово – 14
- Тетово – 10
- Гостивар – 9
- Битола – 7
- Струмица – 5
- Охрид – 3
- Кавадарци, Струга, Кичево и Берово по 1
Нема починати, а регистрирани сe 9 оздравени пациенти од:
- Скопје – 3
- Куманово и Штип по 2
- Струмица и Кочани по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.452 бројката на оздравени пациенти е 150.371, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 588.