Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 6.770 тестирања, а има 672 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 230
- Тетово – 115
- Гостивар – 101
- Куманово – 43
- Кичево – 37
- Струмица – 36
- Охрид – 20
- Струга – 13
- Битола и Дебар по 9
- Штип – 8
- Кавадарци и Кочани по 7
- Велес и Ресен по 6
- Прилеп – 5
- Македонски Брод – 4
- Радовиш, Виница и Валандово по 3
- Берово и Пехчево по 2
- Свети Николе, Крива Паланка и Делчево по 1
Пријавени се 5 починати лица: по 2 од Тетово (48г и 66г) и Гостивар (59г и 85г), a едно од Виница (62г).
Регистрирани сe 35 оздравени пациенти од:
- Скопје – 12
- Гостивар – 9
- Битола и Кичево по 3
- Прилеп и Струмица по 2
- Куманово, Штип, Кочани и Свети Николе по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 160.571 бројката на оздравени пациенти е 150.670, на починати е 5.532, а бројот на активни случаи изнесува 4.369.