Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 5.390 тестирања, а има 639 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 218
- Тетово – 113
- Гостивар – 99
- Струмица – 37
- Куманово – 34
- Кичево – 32
- Битола – 17
- Струга – 16
- Дебар – 9
- Велес и Охрид по 8
- Прилеп, Кавадарци и Берово по 6
- Штип, Ресен и Македонски Брод по 5
- Валандово – 4
- Кочани – 3
- Радовиш и Делчево по 2
- Неготино, Крива Паланка, Виница и Демир Капија по 1
Пријавени се 6 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (75г и 76г) и Тетово (53г и 77г), по едно починато лице од Гостивар (58г) и Битола (79г).
Регистрирани сe 22 оздравени пациенти од:
- Скопје – 8
- Куманово – 5
- Тетово – 4
- Гостивар – 2
- Струмица, Битола и Кочани – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.908 бројката на оздравени пациенти е 150.635, на починати е 5.527, а бројот на активни случаи изнесува 3.746.