Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.147 тестирања, а има 6 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 3
- Тетово – 2 и Струмица - 1.
Не се регистрирани починати лица.
Регистрирани се 4 оздравени пациенти од:
- Скопје, Тетово, Делчево и Крушево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 870.380 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.669, бројката на оздравени пациенти е 149.950, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 235.