Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.650 тестирања, а има 6 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 5
- Кичево – 1.
Не се регистрирани починати пациенти.
Регистрирани се 27 оздравени пациенти од:
- Скопје – 17
- Тетово – 4
- Охрид – 2
- Прилеп, Гостивар и Кичево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 893.681 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.716, бројката на оздравени пациенти е 150.100, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 130.