Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.087 тестирања, а има 54 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Тетово – 32
- Скопје – 13
- Дебар – 4
- Гостивар и Валандово по 2
- Кичево – 1
Починато е едно лице од Тетово, на возраст од 77г.
Регистрирани сe 28 оздравени пациенти од:
- Скопје – 12
- Куманово – 4
- Тетово – 3
- Кичево, Велес, Охрид и Струга по 2
- Струмица– 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.506 бројката на оздравени пациенти е 150.399, на починати е 5.494, а бројот на активни случаи изнесува 613.