Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.764 тестирања, а има 54 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 16
- Тетово – 9
- Битола и Дебар по 6
- Куманово – 5
- Кочани – 3
- Струмица и Гостивар по 2
- Прилеп, Кавадарци, Охрид, Радовиш и Валандово по 1
Нема починати, а регистрирани се 12 оздравени лица од:
- Скопје – 7
- Тетово – 3
- Гостивар и Кочани по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.225 бројката на оздравени пациенти е 150.333, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 401.