Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.514 тестирања, а има 4 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 3
- Битола - 1.

Не се регистрирани починати лица.
Регистрирани се 11 оздравени пациенти од:
- Куманово – 4
- Скопје – 3
- Крива Паланка, Струга, Гевгелија и Радовиш – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 872.894 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.673, бројката на оздравени пациенти е 149.961, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 228.