Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 6.383 тестирања, а има 398 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 136
- Тетово – 86
- Гостивар – 46
- Куманово и Кичево по 23
- Битола – 15
- Охрид и Струмица по 13
- Дебар – 10
- Струга – 6
- Кавадарци – 5
- Кочани – 4
- Прилеп и Валандово по 3
- Велес, Штип, Свети Николе и Ресен по 2
- Радовиш, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод по 1
Пријавени се 4 починати лица: 3 од Куманово (29г, 49г и 74г) и еден од Гостивар (78г).
Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од:
- Скопје – 7
- Битола – 4
- Куманово – 3
- Радовиш – 2
- Штип и Берово по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.025 бројката на оздравени пациенти е 150.524, на починати е 5.507, а бројот на активни случаи изнесува 1.994.