Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 7.647 тестирања, а има 378 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 118
- Тетово – 114
- Гостивар – 51
- Кичево – 20
- Куманово – 18
- Струмица – 16
- Битола и Охрид по 9
- Кавадарци – 6
- Велес – 4
- Кочани – 3
- Струга и Радовиш по 2
- Прилеп, Штип, Ресен, Берово, Виница и Македонски Брод по 1
Пријавено е едно починато лице од Скопје (71г).
Регистрирани сe 25 оздравени пациенти од:
- Скопје – 11
- Тетово – 7
- Куманово – 4
- Битола, Гостивар и Кавадарци по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 157.627 бројката на оздравени пациенти е 150.506, на починати е 5.503, а бројот на активни случаи изнесува 1.618.