Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 4.015 тестирања, а има 365 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 183
- Охрид – 24
- Штип – 20
- Струмица – 19
- Куманово – 15
- Прилеп – 14
- Тетово и Велес – по 13
- Битола и Кавадарци – по 11
- Свети Николе – 7
- Кочани, Гевгелија и Ресен – по 5
- Кичево – 4
- Крива Паланка – 3
- Гостивар, Струга, Радовиш и Пробиштип – по 2
- Неготино, Делчево, Виница, Кратово и Македонски Брод – по 1
Пријавени се 23 починати лица: 8 од Скопје (89г, 88г, 78г, 77г, 77г, 66г, 60г и 60г), 3 од Велес (62г, 59г и 59г), по 2 од Куманово (75г, и 63г) и Кавадарци (72г и 65г) и по едно од Тетово (67г), Прилеп (75г), Битола (95г), Струмица (87г), Штип (45г), Струга (62г), Свети Николе (66г) и Радовиш (63г). Од пријавените, 20 се починати во болнички услови, а 3 лица во домашни услови.
Регистриран e 551 оздравен пациент од:
- Скопје – 212
- Тетово – 53
- Куманово и Гостивар – по 46
- Кичево – 38
- Струга – 25
- Охрид – 19
- Битола – 13
- Прилеп и Кавадарци – по 12
- Струмица, Штип и Свети Николе – по 9
- Кочани – 8
- Велес, Ресен и Дебар – по 5
- Крива Паланка, Виница, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 3
- Неготино, Берово, Македонски Брод и Пехчево – по 2
- Гевгелија и Богданци – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.914 бројката на оздравени пациенти е 167.402, на починати е 6.460, а бројот на активни случаи изнесува 13.052.