Почетна » Новости » Актуелно » 25 новозаразени, 17 оздравени и 3 починати од коронавирус во нашата држава

25 новозаразени, 17 оздравени и 3 починати од коронавирус во нашата држава

Бројот на заболени од КОВИД-19 расте. Министерството за здравство објави дека во изминатите 24 часа имаме 25 нови потврдени случаи.

Новозаразените се од Скопје (14), Куманово (2), Штип (4), Прилеп (1), Тетово (2), Струга (1) и Велес (1).

Коронавирус

Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти. По градови од Скопје (11), Куманово (4), Тетово (1) и Велес (1).

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга (58г) и пациент од Скопје (47г) и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (41г) хоспитализиран на 19 мај.

Во последните 24 часа направени се 622 тестирања.

Коронавирус

Досега во земјата се направени вкупно 26.463 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Кочани, Куманово и Скопје, а регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје. Досега преку скрининг направени се 2.680 тестирања на КОВИД-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.039, бројката на оздравени пациенти е 1.470, на починати е 119, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 450.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19735 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.